Македонија 27. март 2020. / 10:55

Димитров: Европските лидери ја потврдија одлуката за преговорите

Димитров: Европските лидери ја потврдија одлуката за преговорите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил напиша дека европските лидери вчера вечер ја потврдиле одлуката на министрите за отворање пристапни преговори со Македонија.

Шефовите на држави и влади на Европската Унија вчера ја потврдија одлуката донесена во вторникот за отпочнување на преговорите за членство на Македонија и Албанија, што не е правно обврзувачки договор.

Лидерите на ЕУ вчерашниот состанок го одржаа преку видео конференциска врска поради заканата од ширењето на корона вирусот, што беше и главна тема на состанокот.