Македонија 02. јули 2020. / 13:36

Димитров: ЕУ нема да ги отвори границите за Македонците додека не ја ставивме епидемијата под контрола

Димитров: ЕУ нема да ги отвори границите за Македонците додека не ја ставивме епидемијата под контрола

Министерот за надворешни работи Никола Димитров соопшти дека Европската унија нема да ги отвори границите за македонските граѓани се додека не се намали бројот на заразени од Ковид-19, односно додека земјава не ја стави епидемијата под контрола.

Во затворањето на границите нема политика туку се гледа епидемиолошката слика. За да има отворање на границите треба бројот на заразени да биде 20 на 100.000. Ќе бидеме во контакт со сите земји – изјави Димитров.