Македонија 16. јули 2019. / 11:45

Димитров: Да си дадеме шанса за да ги исполниме очекувањата на Брисел

Димитров: Да си дадеме шанса за да ги исполниме очекувањата на Брисел

Ако ЕУ не ја препознае функционалноста на македонскиот случај, во октомври тогаш нема европска перспектива не само за Македонија туку и за регионот, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната прес-конференција по средбата со турскиот колега.

Ако ЕУ не го препознае нашиот функционален либерален систем со сите грешки и дупки секако, ако Европа не го валоризира, тешко ќе се зборува за европска перспектива не само за нас туку и за другите регионални земји – вели тој.

Според него важно е законски да се заврши приказната околу СЈО.

Важно е да се донесе решение кое нема да се однесува само на прислушуваните разговори туку ќе гони висок криминал. Не знаеме кога ќе дојде следната шанса од Брисел, па независно од политичко правните разлики мора да си дадеме шанса за да ги исполниме очекувањата – смета Димитров.