Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, јавно на својот твитер профил се заблагодари на САД за солидарноста и помошта која земјава ја доби за справување со пандемијата.
Тој на својот профил, ја сподели информацијата на Американската амбасада во Македонија со која информираат дека Владата на САД одобри 1,1 милиони долари за спречување на ширењето на корона вирусот во Македонија.