Македонија 15. декември 2020. / 11:02

Димитриевски: Да не си го погазиме сопственото битие, да влеземе во ЕУ како Македонци

Димитриевски: Да не си го погазиме сопственото битие, да влеземе во ЕУ како Македонци

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски беше гостин на ТВ24 каде кажа дека Македоците се посебен народ и дека во ЕУ мора да влеземе како Македонци.

– Во Бугарија се избори, па рејтинзите на тамошните партии по однос на Македонија растат. Ние да не дозволиме да си го погазиме сопственото битие. Мора и треба да влеземе во ЕУ само како Македонци. Никој не може да го поништи нашиот корен, ако не го сториме тоа ние самите. Тие бараат, но дефакто тоа што го бараат е нереално. Нашите предци се залагале да создадат држава. Македонскиот народ не постои од 1944, сме постоеле, постоиме и ќе постоиме. Не се согласувам со ставовите на премиерот за БГНЕС. Бугарија не била администратор, туку окупатор во Македонија, македонскиот и бугарскиот јазик не се исти. Заев има специфичен начин за обраќање кон јавноста. Ние сме независен народ кој се борел за сопствена држава, вели градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во Студио 10 на ТВ24.