Македонија 09. мај 2019. / 11:19

ДИК разгледува 12 претставки од ВМРО-ДПМНЕ за вториот круг од изборите

ДИК разгледува 12 претставки од ВМРО-ДПМНЕ за вториот круг од изборите

Државната изборна комисија (ДИК) разгледува 12 претставки од ВМРО-ДПМНЕ за вториот круг од изборите на 5-ти мај. 11 претставки се однесуваат за претседателските избори, а една е за локалните избори во општина Ново Село.

ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека изборите се карактеризирале со купување гласови, злоупотреба и бројни неправилности.

ДИК вчера за Алсат брифираше дека прегласување би било возможно само ако резултатот на избирачкото место каде што е утврдена неправилноста го менува резултатот, односно победникот на изборите.