Македонија 18. април 2020. / 14:31

Девет нови случаи на корона вирус во Прилеп

Девет нови случаи на корона вирус во Прилеп

Во Прилеп денеска се регистрирани девет нови случаи на лица заразени со корона вирусот со што вкупната бројка на заразени во градот се искачи на 112.

Во Инфективното одделение на градската болница „Борка Талески“ се хоспитализирани 19 лица позитивни на Ковид-19, од кои две се со потешка клиничка слика и се наоѓаат на кислородна поддршка.

Три лица се во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати, информираат од локалната самоуправа.

Во самоизолација се наоѓаат 460 лица, а изминатата ноќ не се забележани прекршувања на полицискиот час.