Македонија 01. јули 2019. / 10:22

Дескоска со нетрпение го очекува новиот закон за СЈО од ВМРО-ДПМНЕ: Амнестија нема да биде прифатена

Дескоска со нетрпение го очекува новиот закон за СЈО од ВМРО-ДПМНЕ: Амнестија нема да биде прифатена

Со нетрпение го чекаме текстот од ВМРО-ДПМНЕ, велат од Министерството за правда, откако од опозициската партија најавија дека ќе испорачаат нов закон за решавање на статусот и надлежностите на СЈО.

Кога ќе го добиеме ќе се произнесеме. Доколку има подобрувања на текстот, секако ќе бидат прифатени. Ако има скриена амнестија, нема да биде прифатена, велат од министерството на чело со Рената Дескоска.