Македонија 12. јуни 2018. / 21:42

Дескоска не застана позади Заев за промена на името!

Дескоска не застана позади Заев за промена на името!

По еуфоричниот настап на премиерот Зоран Заев, каде што ни соопшти дека Република Северна Македонија ќе се користи и за внатрешна употреба, позади премиерот застанаа сите министри од владата на Заев, Тевдовски, Анѓушев, Шеќеринска, Николовски, Манчевскии… освен Рената Дескоска и Венко Филипче. Од наши извори дознаваме дека не е случајно што Рената Дескоска од Правниот факултет каде што предаваше уставно право, не се појави на оваа прес конференција и не застанаа позади Зоран Заев.

За потсетување ова не е прво несогласување на Дескоска со владата на Заев кога станува збор за државните интереси.

Имено на 30 мај Лидер ексклузивно од извори од Министерството за образование и наука објави дека причината поради која Рената Дескоска ќе биде сменета од Министерството за образование е дека таа се спротиставила да се менуваат македонските учебници по историја по бугарски терк, односно да се менува македонската историја. Министерката Рената Дескоска станала пречка за спроведување на договорот за добрососедтсво со Бугарија, затоа што останала на својот став дека промена на македонските учебници за историја не смее да има.

Во интервјуто што Дескоска го даде за Радио Слободна Европа на 8 Април, беше категорична против било каква промена, која значи бришење на македонската историја и дека таков процес не е започнат , туку дека фокусот ќе биде на оние учебници, претежно од природните науки, граѓанското образование, каде што лесно се забележуваат грешките.

“Не станува збор за бришење на историја или измена, тоа е апсурдно кој било да помисли тоа да го прави. Ние сакаме да им дадеме на нашите ученици можност да учат од учебници кои не содржат грешки. Такви процеси не сме почнале, ниту некој официјално побарал од нас. Сега главно фокусот ни е на оние учебници, претежно од природните науки, граѓанското образование, оние каде што лесно се забележуваат грешките” изјави тогаш Рената Дескоска во интервјуто за Радио Слободна Европа.