ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да и се придружат на протестниот марш што го организираат денеска во Велес, со почеток во 13 часот.
– Зацрнетата економија е пропратена со црнила во сите сегменти од општеството, како здравството, земјоделието, образованието, безбедноста, правосудниот систем. СДСМ целосно ја зацрни државата и ја украде надежта на граѓаните дека во Република Македонија можат да живеат, работат и основаат семејства. Овој тренд не смееме да дозволиме да продолжи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протестни маршови ширум државата. Ги повикуваме сите граѓани кои се незадоволни од оваа ненародна власт да ни се приклучат на денешниот протестен марш во Велес со почеток од 13 часот. – соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ