Македонија 30. април 2018. / 11:22

Денеска во Кривичен суд ново рочиште за случајот „Поткуп“

Денеска во Кривичен суд ново рочиште за случајот „Поткуп“

Во Кривичниот суд, денеска, треба да се одржи рочиште за случајот на СЈО, „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Минатото рочиште кое беше одложено, се одржа во новата зграда на кривичниот суд, без присуство на јавноста, со слушањето на разговори од посебните истражни мерки.

Интегралната видео снимка за случајот „Поткуп“ не беше пуштена ниту на претходното рочиште, бидејќи апелација се уште не се произнела по забелешката од Јавното обвинителство дека станува збор за пи мерки и заради заштита на сведокот.

Дополнително адвокатите на Заев побараа исказот на сведокот Иван Николов Сачевалиев да не биде прифатен како доказ во постапката. Тие сметаат дека судската постапка не може да се базира на неговиот исказ бидејќи тој бил агент провокатор, односно бил инструиран да бара поткуп. За ова барање судечкиот совет најави дека дополнително ќе се изјасни. Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.