Македонија 11. декември 2020. / 13:57

Денеска Владата ќе ја одржи 28-та седница преку видео-конференциска врска

Денеска Владата ќе ја одржи 28-та седница преку видео-конференциска врска

Владата на Република Македонија, денеска, со почеток во 15:00 часот, ќе ја одржи редовната 28-ма седница преку видео врска.

Според дневниот ред, на предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата ќе ги разгледа Предлог-законот за рамномерен регионален развој и Предлог-стратегијата за регионален развој 2020 – 2030 година.

Во рамки на денешната седница, на која ќе се разгледуваат повеќе прашања од интерес на граѓаните и од Владината програма, министрите ќе ја разгледаат и Предлог-одлуката за предвремена примена на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, на предлог на Министерството за надворешни работи.

Од таму велат дека за заклучоците и одлуките од седницата, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана со соопштение.