Пред Собранието на Македонија, во моментов, поголема група на демонстранти протестираат против договорот на Владата со Грција, со кој се предвидува промена на уставното име Македонија за севкупна употреба, измена на Уставот, лични документи, називи на институции…
Дел од демонстрантите држат запалени бакли и пејат патриотски песни. Собраните и говорниците извикуваат „Македонија“ и „Македонија на Македонците“, повикувајќи го народот да им се приклучи и порачувајќи дека нема да дозволат промена на името.