Насобраните граѓани го повикаа Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратениците да ги напушти собраниските клупи и да се придружат кон протестот.
„Не може Заев да ја продава Македонија, не во наше име, оставка од Владата итно. Ако мислат дека со еден договор ќе нè избришат, се лажат. Македонија е нашето име, идентитет и достоинство, долу Влада“, велат учесниците на денешниот протест.