Македонија 29. јули 2019. / 10:26

Делегацијата на Претставничкиот дом на САД на средба со Талат Џафери

Делегацијата на Претставничкиот дом на САД на средба со Талат Џафери

Делегација на Претставничкиот дом на САД денеска ќе престојува во посета на Македонија.

Делегацијата во чиј состав се Шаланда Јанг, директор на Секторот на Комисијата за буџет и Кристи Џ.Антони, раководител на Одделот за буџетско планирање – Буџетска канцеларија во Претставничкиот дом на САД ќе се сретнат со претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.