Со протест пред основните училиште „Борис Трајковски“ во село Моноспитово и „Свети Кирил и Методиј“ во село Иловица, општина Босилово, родители побараа нивните деца да се вратат во клупите и тоа не само до трето, туку сите до деветто одделение.
Според родителите, училиштата ги исполнуваат сите услови за настава според протоколите.
–Сметаме дека нашето училиште ги усполнува условите за физичко присуство. Нека дојдат повторно од министерството и комисијата уште еднаш да проверат. Немаме услови децата да учат од дома, но и да имаме бараме децата да посетуваат настава со физичко присуство. Доколку не ни се одобри присуство во училиштата, тогаш ќе продолжиме со протестот и нема да ги пуштаме на настава и децата од прво до трето одделение, рече Ангела Стоева, родител од село Иловица.
Со исто барање се и родители од селото Моноспитово, каде денес протестираа по втор пат.
–Одобрено е присуство на учениците од прво до петто одделение, но истото го бараме и за останатите до деветто одделение, рече Елисавета Барбутова, родител од село Моноспитово.
Директорката на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ од село Иловица смета дека ги направиле сите неопходни подгототовки за почеток на наставата со физичко присуство, но не добиле дозвола и покрај тоа што два пати биле посетени од претставници на Државниот просветен иснпекторат.
–Тие дадоа позитивно мислење во однос на подготвеноста на училиштето за организирање на настава со физичко присуство на учениците во училиштето. Сметаме дека ги исполнуваме условите за таков вид настава и затоа бараме уште еднаш да биде разгледано нашето барање и да ни одобрат физичко присуство на учениците, рече директорката Софија Митрова.
Инаку, во основното учиште во село Моноспитово настава посетуваат 130 ученици од прво до деветто одделение, а во село Иловица 211.