Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ, е нов градоначалник на Дебар. Тој вчера, на вонредните локални избори за градоначалник освои повеќе од 50 отсто од гласовите. Негов противкандидат беше Арбен Аголи од Алијансата за Албанците.
На вонредните локални избори, Охрид и Ново Село новите градоначалници ќе ги добијат на 5 мај, за време на одржувањето на вториот круг.
Во Охрид Константин Георгиески, кандидатот на СДСМ добил 13.038 гласа, а противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ освоил 10.613 гласа.
Во Ново Село, во втор круг одат Никола Андонов од СДСМ и Николчо Стоилков од ВМРО-ДПМНЕ.