Македонија 31. октомври 2019. / 22:26

Данев: Каков и да е изборниот модел, тој треба да е близок до граѓаните

Данев: Каков и да е изборниот модел, тој треба да е близок до граѓаните

Во денешното гостување во емисијата 24 анализа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев појасни дека ставот на неговата партија е јасен и произлегува од фактот каков и да е изборниот модел тој треба да е близок и корисен за граѓаните и дека граѓаните бараат и такви пратеници.

Опозицијата предлага мнозинскиот модел кој ќе понуди кандидати кои се блиски на грѓаните во местата каде живеат и пратениците да потекнуваат од тие места и со самото тоа, тие ќе бидат авторитетни и кредибилни. Партијата ВМРО-ДПМНЕ предлага 120 изборни единици.

Такви имаме сериозни примери во светот и тие имаат таков систем, таков изборен модел. Во Европа една изборна единица има само Словачка. Многу стари демократки држави него применуваат – рече Данев.

Тој рече дека ако искуствено погледнеме сите парламентарни состави, треба да се види кој имал најголема доверба, а тоа бил моделот од првата парламентарна постава кога Македонија се осамостоила.

Најголем кредибилитет имаше Парламентот од 1991-1994 кој беше избран со мнозински модел – рече Данев.