Македонија 05. септември 2019. / 21:19

Дали тоа што Сојузот на Боки 13 е преполн со луѓе од раководството на СДСМ е поради фактот што куферите завршувале на Бихаќка?

Дали тоа што Сојузот на Боки 13 е преполн со луѓе од раководството на СДСМ е поради фактот што куферите завршувале на Бихаќка?

Овие денови гледаме активно сценарио и вложување на огромна енергија на забоштување и прикривање на доказите за криминал на власта. Вчудоневидени за страста за работа на Катица Јанева па макар и прекувремено гледаме писмо каде таа наредува случаите да се предадат на работа кај Рускоска обвинителството.

Со други зборови да се чуваат на посигурно за да се задржат конците за политички притисок врз опозицијата. Значи од еден сеф на СДСМ во дргу сеф на СДСМ. А пустите така мислат дека ќе не исплашат. Но, и за ова се лажат. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на свечениот настан по повод 8 Септември Денот на независноста на Република Македонија.

Сега се случува операција на власта во случај Катица подлабоко да падне во живата кал во која се влезени, да може Рускоска да продолжи. А за вистинските криминали се помалку да се збори. Но сето тоа им е залудно. Па така еден од оние чии имиња најчесто се вртат за поврзаност со случајот Рекет ќе каже “аман веќе не зборете за тоа, рекет па рекет”. А не сакаат да се збори затоа што се стига полека, полека и до главата на октподот. Во оваа операција е и онаа парада за одење пред обвинителство како демек Кики кажува дека не е Кики, а истото ќе го повтори и Фрики. Па овој Кирацовски ќе ни каже дека со Боки се видел еднаш, двапати, ама ете ќе излезе некоја фотографија во медиумите како заедно пеат серенади на кејот на Вардар во еден ресторан, веројатно кроејќи некаква куфер политика. Некако премногу интимно и добро се познаваат како за едно гледање.Претпоставувам и некој светол ден од сега ќе излезе Рускоска ќе каже има криминал ама тука се вмешани двајца тројца без ниту еден од власта. Демек овие милиони се земани без знаење на главата на октподот.Тоа што цело СДСМ му е во одборите на меѓународен сојуз за власта, а и за обвинителството е небитна работа. Ама што би рекол народот, тука лежи зајакот. Ова мириса, силно мириса и отвора сомнеж дека овој милионски криминал со меѓународниот сојуз е параван за финансирање на кампањата на СДСМ. Овие сомнежи треба да се испитаат, и да се види дали тоа што овој Сојуз е преполн со луѓе од раководството на СДСМ е поради фактот што куферите можеби завршувале на „Бихаќка“?“, праша Мицкоски.

Ако не сега, со ова климаво и диригирано обвинителство, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Ви ветувам дека вистината ќе се дознае.

А што се однесува до судството и обвинителството алармирам да не подлегнуваат на притисоците на власта, зошто секое постапување кое не е според закон ќе биде разгледано и ревидирано. Не се ставајте да бидете слуги на оние кои во слободен пад сакаат да ве повлечат и вас. Работете според законите и донесете правда, потенцираше Мицкоски.