Македонија 21. август 2018. / 15:22

Дали камерите низ улиците ќе се користат за казнување на несовесните возачи?

Дали камерите низ улиците ќе се користат за казнување на несовесните возачи?

Дали камерите на семафорите служат само за регулирање на сообраќајот или и да се казнуваат несовесните возачи ? Одговорот кој го дава МВР е дека тие функционираат само за регулирање на сообраќајот и  безбедносни потреби, но не и за пишување на казни за прекршоци. Казните преку пошта, иако беа најавувани во текот на минатите години преку кампањи никогаш не станаа реалност.  Ристо Манчев, од Репбуличкиот Совет за безбедност при сообраќајот и патиштата објаснува дека тоа е така поради судир на закони, односно затоа што камерите обезбедуваат информации кои се во спротивност со Законот за заштита на лични податоци.

“Причината зошто овие камери не се користат за санкционирање на учесниците во сообраќајот е поради фактот што камерите обезбедуваат податоци кои се во спротивност со Законот за заштита на лични податоци, односно проблемот е во техничкото решение. Согласно европската пракса камерите да се користат за санкционирање на недоговорните учесници во сообраќајот неопходно е иститие да бидат вградени во посебни јами на самиот коловоз како би можело единствен податок кој што ќе го обезбедуваат овие камери да бидат регистерската таблица на возилото, а не и податоци за лицата кои се во внатрешноста на возилото.” објаснува Ристо Манчев од РСБСП.

Од почетокот на годината до сега 80 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи, вели Манчев. Потребата од присуството на полицијата на патиштата е неопходна за да се избегне чувството дека “никој не те гледа”. Делуваат репресивно , но и превентивно со што се наметнува поголемо ниво на дисциплина и одговорност на учесниците во сообраќајот.

Во текот на минатото деноноќие во полцискиот билтен се регистрирани 12 собраќајни несреќи само во Скопје, а во една од нив со тешки телесни повреди се здоби 4 годишно девојче, кое е пренесно во Ургентниот центар и задржано на понатамошно лекување.