Македонија 08. октомври 2020. / 09:48

Дали ЕЛЕМ станува корона кластер?

Дали ЕЛЕМ станува корона кластер?

Во последните две недели 4 до 5 зболени од Ковид 19 има во компанијата ЕЛЕМ, односно во зградата која се наоѓа во центарот на Скопја, дознава Економски Лидер.

Според нашите извори освен вработените , дополнително заболени се и членови на потесните семејства со што заразата дополнително се повеќе се шири.

Истовремено, нашите извори откриваат дека директорот за правни и општи работи не се појавува на работното место веќе трета недела по ред, а нема пријавено дали е заразен , иако вработените се сомневаат во тоа.

За цело ова време директорот на домашна адреса ги добива сите предмети што треба да ги потпише, што значи дека доколку е заразен е во контакт со докумените кои ги потпишува, со што постои опасност да го пренесе вирусот и на останати граѓани.

Од раководството, се жалат вработените, не преземаат мерки за редуцирано одење на работа, а дури вчера се извршило дезинфекција на просториите