Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара власта да го повлече Законот за попис и наместо тоа да се спроведње електронски попис.
Во утринското соопштение од партијата бараат Зоран Заев и власта да се откажат од спроведување на насилен попис, кој како што велат, ќе биде фалсификат, чии бројки веќе однапред коалиционо ги договориле и наместо тоа да се организира електронски попис кој сите ќе го поддржиме.
– За доброто на државата да го повлече пoстојниот Законот за попис и наместо фалсификат попис да се спроведе електронски попис. Електронскиот попис ќе се спроведе врз основа на јасна методологија, со мечирање на повеќе бази со податоци, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со собирање на потписи за поништување на постојниот Законот за попис, а доколку велат власта помине и преку волјата на граѓаните, ќе повикаат на масовно попишување на населението во државата и на сите македонци од дијаспората.
– Ќе има трага, а при промена на власта ќе бидат детално разгледани злоупотребите при пописот за што ќе има и одговорност.