Надлежните за справување со корона вирусот се без компас. Глумењето нормализација води само кон ширење на заразата.Вонредна состојба во државава се прогласуваше и кога имаше триесеттина новозаболени на ден, а сега кога имаме четири пати повеќе ситуацијата е нормалност. Во моментов активни мерки за спречување на ширење на вирусот скоро и да нема.Мерките во моментов се недоволни, и очигледно и нејасни за граѓаните, изјави д-р Лазо Јовчевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Не може да се глуми нормалност кога гледаме како бројката на новозаразени со корона вирусот околу 10 проценти од тестираните, а достигна и околу 20 проценти од тестираните лица. Ова говори дека многу порано требаше да се спроведува она што го предлагавме – поголем број на тестирања на населението. Мора да има масовен скрининг на населението затоа што од ден на ден се поголем е бројот на новозаболени медицински лица.Недозволиво е глумење на нормализација.Нема нормализација затоа што бројката на новозаболени на ден е огромна, има и по неколку починати, а бројката на оздравени од корона вирусот е незначителна.Едно е јасно, сега кога има високи бројки на новозаболени здравјето мора да се стави над се и пред се!, изјави Јовчевски од ВМРО-ДПМНЕ.