Македонија 09. август 2019. / 11:48

Цветанова: Не знам што ве шокира, Вие го легитимиравте објавувањето снимки

Цветанова: Не знам што ве шокира, Вие го легитимиравте објавувањето снимки

Не знам зошто ве шокира објавувањето снимки, вели професорката Ганка Самоиловска Цветанова на „Твитер“.

-Оној момент кога во штабот на СДС заради рушење на режимот, а во присуство на медиуми пуштивте снимки од разговори, требаше да знаете дека истите ги легитимиравте како политичка алатка за справување со неистомислениците. Show goes on…, порача Цветанова.