Македонија 02. ноември 2019. / 20:00

Цветанова: Наскоро ќе се простиме со Заев, aма нема да му простиме!!!

Цветанова: Наскоро ќе се простиме со Заев, aма нема да му простиме!!!

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова ја коментира на Твитер снимката од Владата со која се потврдува дека шефицата на европската дипломатија во заминување Федерика Могерини на прошталната средба со лидерите на Западен Балкан, сепак, се поздравила и со премиерот Зоран Заев.

И ние… И ние наскоро ќе се простиме со Заев. Ама нема да му простиме!!!, твитна Цветанова.

Заев на 3 јануари ќе му ја отстапи премиерската фотелја на шефот на техничката влада што ќе ги спроведе предвремените избори на 12 април.