Македонија 25. јули 2018. / 22:49

Цукеро во Охрид, Мицкоски на концерт во друштво на сопругата (ФОТО)

Цукеро во Охрид, Мицкоски на концерт во друштво на сопругата (ФОТО)

За прв пат во Македонија дојде Цукеро, една од најголемите италијански ѕвезди и сигурно еден од најдобрите европски вокали. Како и што се очекуваше, салата „Билјанини извори“ е исполнета до последното столче, а на многу од столчињата екипата на Република забележа многу познати личности – пејачи, бизнисмени и политичари.

И лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, вечерва ужива во хитовите „Baila Morena“, „Senza Una Donna“, „Dune Mosse“ во друштво на сопругата.