Со оставање на црни машни пред Владата, од партијата ВМРО – ДПМНЕ побараа оставка од Зоран Заев, Венко Филипче и Никола Димитров, а како причина ја наведуваат целокупната состојба во државата.
Затоа што во државата имаме најтешка ситуација од независноста до денес, и за граѓаните, и за здравствениот сектор, и за економскиот сектор, но за жал и за евро перспективата, рече на денешната прес-конференција предзградата на Владата, пратеникот Антонио Милошоски, пренесувајќи го ставот на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.
– Eкономската ситуација, надворешно политичката ситуација, блокадата од ЕУ и здравствената криза, сите три кризи имаат име и презиме, а тоа се Зоран Заев, Венко Филипче и Никола Димитров, рече Антонио Милошоски, пренесувајќи го ставот на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата сметаат дека Зоран Заев, Венко Филипче и Никола Димитров се дел од проблемот на оваа државна криза, а не се дел од решението.
– Сметаме дека проектот наречен Зоран, Венко и Никола Димитров треба да си дадат оставка. Зошто? Затоа што во државата имаме најтешка ситуација од независноста до денес, и за граѓаните, и за здравствениот сектор, и за економскиот сектор, но за жал и за евро перспективата. Сметам дека со нивната оставка ние ќе можеме како држава да создадеме можност да формираме Влада на експерти која што ќе може подобро да се носи и во здравството, и во економијата, и во евро интеграциите, изјави Милошоски.
Во продолжение целата прес-конференција: