Македонија 01. октомври 2018. / 00:26

Ципрас телефонски му честиташе на Заев, и покрај неуспехот на референдумот

Ципрас телефонски му честиташе на Заев, и покрај неуспехот на референдумот

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, денеска, по завршувањето на референдумот во земјата, остварил телефонски разговор со премиерот Заев, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според информациите, Ципрас упатил пофални зборови за посветеноста и храброста на Заев во поглед на спроведувањето на договорот. „Според владини извори, за време на разговорот премиерот Алексис Ципрас го пофалил Зоран Заев за неговата одлучност и храброст да продолжи со спроведувањето на договорот“, соопшти грчката новинска агенција.