Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ја посети Полициската станица Радовиш и при средбата со вработените истакна дека според статистичките податоци сите безбедносни состојби во рамки на ова подрачје се стабилни и задоволителни.
Тој на работен состанок со раководството на ПС Радовиш додаде и дека сите организациски единици мора да преземат активности во насока на организирање на фер и демократски избори.
Сите организациски единици мора да ги преземат активностите кои се во насока на организирање на фер и демократски избори. Моја обврска, но и на секој еден кој е вработен во Министерството е да гарантираме дека изборите ќе бидат мирни и безбедни, рече Чулев.
Граѓаните на Радовиш и целата држава, како што додаде министерот, заслужуваат своето граѓанска право да го изразат на мирни избори и без притисоци или други форми на заплашувања кон нив.