Македонија 18. март 2020. / 16:57

Чулев од Табановце: Активно работиме за непречена достава на потребните намирници до граѓаните

Чулев од Табановце: Активно работиме за непречена достава на потребните намирници до граѓаните

За нас зачувувањето на човечките животи е примарната мисија на која што целосно ќе и се посветиме во периодот пред нас, напиша на својот фејсбук министерот за внатрешни Наќе Чулев кој попладнево го посети граничниот премин Табановце.

Тој додава дека одлуките на владата се спроведуваат во целост, а изразил и благодарност и поддршка на полициските службеници.

-Активно работиме во соработка со медицинските власти да овозможиме непречен влез на тешките товарни возила и достава на потребните намирници до граѓаните, напиша министерот Чулев.