Македонија 14. март 2020. / 10:57

Чулев: Граѓаните да бидат спокојни, МВР презема активности за справување со корона вирусот

Чулев: Граѓаните да бидат спокојни, МВР презема активности за справување со корона вирусот
МВР воримираше кординативно тело пртоив коронавирусот 14 март 2020

Министерството за внатрешни работи формираше координативно тело чија задача ќе биде следење на состојбата со новиот корона вирус во земјава.

На барање на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, утрово е одржан координативен состанок со врвното раководство на министерството со цел за тековно запознавање со сотојбата, преземањето мерки и активности, согласно мерките на Владата за справување со корона вирусот.

– Граѓаните да бидат спокојни, министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни активности насочени кон соодветно постапување во вакви состојби, информираат од МВР.

Додаваат дека неопходно е Министерството за здравство посериозно да пристапи во процесот на обезбедување и набавка на соодветна опрема и истата да ја стави на располагање за заштита на вработените во МВР.