Македонија 07. ноември 2018. / 11:50

Членовите од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија Комисијата за одземање на мандатот на Груевски

Членовите од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија Комисијата за одземање на мандатот на Груевски

На почетокот на комисиската расправа за одземање на мандатот на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски, Трајко Вељановски обвини дека власта преку судството врши притисок и политички прогон.

-Денес се бара одземање на мандатот на долгогодишен пратеник и премиер поради процес во кој нема докази дека осудениот се стекнал со каква билко материјална корист – рече Вељановски.

Тој оцени дека преку погазување на правото, правдата и судството се дефокусира јавноста.

По ова членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за мандатно имунитертски прашања ја напуштија седницата.