Директорката на Клиниката за кожни болести е четвртиот случај на заразен со корона вирус во земјава. Таа била вратена од патување од Италија, а по враќањето веднаш се вратила на своето работно место, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Во моментов целата екипа од Институтот за јавно здравје и епидемиолозите се на Клиниката за кожни болести, и како што рече Филипче, можно е целосно одделот да биде затворен и цеколупниот персонал и пациенти да бидат испратени на домашна самоизоалција.
– Со огромно жалење за непочитување на мерките за превентива за заштита од коронавирус, морам да кажам дека пациентката е наша колешка, која по враќањето од Италија изминатите пет дена одела на работа. Добро е што немала контакт со пациенти во амбулантата. Ова е големо разочарување, рече Филипче.
Препораките на надлежните велат воопшто да не се патува во северна Италија поради сериозноста со корона вирусот и да се избегнуваат патувања и во останатите делови на таа држава.