Македонија 28. јули 2020. / 15:40

Четири нови случаи на Ковид-19 во Кавадарци

Четири нови случаи на Ковид-19 во Кавадарци

Четири нови случаи позитивни на корона вирус се регистрирани во Кавадарци. Пациентите се на возраст од 16 до 31 година.

Станува збор за две лица од женски и две од машки пол, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Двајца од нив имале контакт со заболени. Се работи на нивните контакти, со цел нивна изолација.