Македонија 24. мај 2020. / 09:16

Честитка од Џафери по повод Фитер Бајрам

Честитка од Џафери по повод Фитер Бајрам

Претседателот на Собранието на Република С. Македонија Талат Џафери на сите верници кои денеска го слават големиот празник Фитер Бајрам што е круна на светиот месец Рамазан, им упати искрени честитки за добро здравје, бериќет и мир во душите и домовите.

– Се надевам дека овој Бајрам кој што како и претходно месецот на пост и солидарност го прославуваме на невообичаен начин, далеку од верските храмови, сепак блиску до нашите најдраги и најблиски членови на семејството, ќе ни донесе искрени и убави мисли упатени до целото човештво за што побрзо и побезболно пребродување на овој предизвик кој што како што реков и во претходната Рамазанска честитка, не бира ниту вера, ниту нација, ниту богати или сиромашни, мажи или жени. Нека даровите на Рамазан Бајрам, солидарноста, взаемната почит и разбирање, милоста и опростувањето бидат дарови кои ќе го збогатуваат нашето секојдневие, вели во честитката Џафери.

Почитувани мои, порачува, имајте верба, имајте трпение, бидете силни и останете дома со своите блиски.

– Верата се носи во срцето а домот е вашиот храм, нека е честит Фитер Бајрам!, стои во честитката од Џафери.