Македонија 12. септември 2019. / 12:43

Чешка го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО

Чешка го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО

Парламентот на Република Чешка денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО.

На седницата присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.