Во интервју за Мета.мк претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски зборува за политиката на неказнивост на нападите против новинари, негативното влијание на јавните пари во медиумите, за реформата на МРТ, како и за затвореноста на институциите.
На прашањето за заканите и нападите на новинари кои не стивнуваат, а старите не се расветлени тој укажува што треба да се преземе за да се стави крај на политиката на неказнивост на насилството против новинарите.
Очигледна е недоволната свесност во првите луѓе на институциите што треба да ги гонат заканувачите кон новинари. Предметите најчесто заглавуваат во обвинителството или во судските процеси.
Наспроти тоа, кога постојат одредени закани кон политичари тие веднаш се процесуираат. Тоа е двоен аршин, до кога така? Тоа создава недоверба во системот. Не постоиме ние за политичарите, туку политичарите постојат тука, за нас граѓаните. Вака е сè испревртено.
Доколку не се преземе нешто сериозно на овој план, ќе мора проблемот да го адресираме и поинаку. Едно се јавните укажувања и обидите за да влијаеме, втора форма се протести. Да, ситуацијата со Ковид-19 пандемијата комплицира, но ако немаме друга опција за да покажеме колку е важно ова прашање, ќе мора да влеземе во други форми за да го манифестираме нашето незадоволство.
Обвинителствата се сосема незаинтересирани за случаи кога новинарите се оштетени. Но, ние не сме нужно зло во државава, ние сме потреба за да имаме поодговорна власт, вели Чадиковски.
Целото интервју на следниов линк.