Македонија

Церар: Македонија веќе ги исполнува условите за почеток на преговорите со ЕУ

Церар: Македонија веќе ги исполнува условите за почеток на преговорите со ЕУ

Посакувам Македонија што е можно поскоро да стане дел од евроатлантското семејство и жалам што оваа година не започна со пристапните преговори со ЕУ. Словенија во сите дискусии, го бранеше ставот дека е неопходно да се следи проценката и препораката на Европската комисија, и според нашето мислење, Македонија веќе ги исполнува условите за почеток на преговорите, вели во интервју за МИА шефот на словенечката дипломатија Мирослав Церар.

– Во членството на Словенија во ЕУ и во НАТО, гледам многу предности, како и придобивки. Посакувам, Македонија што е можно поскоро да стане дел од нашето евроатлантско семејство и жалам што оваа година не започна со пристапните преговори со ЕУ. Словенија во сите дискусии, го бранеше ставот дека е неопходно да се следи проценката и препораката на Европската комисија, и според нашето мислење, Македонија веќе ги исполнува условите за почеток на преговорите. Верувам дека во согласност со заклучоците на јунскиот Совет за општи прашања, следната година ќе биде донесена соодветна политичка одлука, вели Церар спроти неговата утрешна посета на Македонија каде со неговотo македонски колега ќе присуствува на отворањето на новите простории на Словенечката амбасада во Скопје.

Според него, Словенија е цврсто вклучена во евроатлантскиот процес на Македонија. Посочува дека поранешниот министер за надворешни работи, Семуел Жбогар, е шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје, европскиот пратеник и поранешниот министер за надворешни работи, Иво Вајгл е известувач на Европскиот парламент за Македонија, полковник Зоран Јанкович, член на словенечката војска, ја води Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, додека Словенечката амбасада во Скопје, во период од 2019-2020 година ќе ја преземе улогата на контакт- амбасада на Алијансата.

-Оваа задача ја преземаме како голема одговорност и веруваме во напредокот на Македонија кон членството во НАТО. Подготвени сме и да обезбедиме политичка поддршка за вклучување во ЕУ и сета потребна експертска помош при преносот на знаења и искуства во иднина, вели министерот Церар.