Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година Уидидед Бушамауи, придружувана од ректорот Нано Ружин и Сефер Цаноски, сопственикот на Универзитетот ФОН во Скопје денеска се сретна во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Зоран Заев и Алексис Ципрас, премиерите на Македонија и на Грција, се номинирани за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.
Цаноски и на Фејсбук објави дека иницијаторите на номинацијата за Нобеловата награда за мир за 2019, имале средба со Ципрас.
– Го информиравме за нашата иницијатива каде тој со задоволство ја прифати номинацијата за Нобеловата награда за мир за 2019 година од страна на Видед Бушамауи , добитник на нобелова награда за мир во 2015 година. Историскиот преспански договор, но и самите тие како лидери на новото време кои имаа храброст и визија да излезат од стереотипните политики кои со децении се водеа наназад, со една единствена цел да градиме нормални, добрососедски и пријателски односи.
Начинот на кој решија во принцип тежок идентитетски спор, со дипломатски средства, е посебен успех кој како пример и модел ќе се користи убеден сум во регионот и пошироко. Вакви идентитетски конфликти се најтешки за решавање и често остануваат „замрзнати конфликти” – сакам да нагласам, тоа е посебен успех. Затоа, и двајцата, г. Ципрас и г. Заев заслужуваат да бидат новите лауреати и добитници на Нобелова награда за мир за 2019 година – напиша Цаноски.