Македонија 28. февруари 2021. / 18:46

Бурни реакции по предлогот на Љубчо Георгиевски за деблокада на односите со Бугарија

Бурни реакции по предлогот на Љубчо Георгиевски за деблокада на односите со Бугарија

Околу македонско – бугарските односи со свој став се јави и Љубчо Георгиевски, што предизвика бурни реакции.

Според неговиот план составен од пет точки потребно е да и се дадат гаранции на Бугарија дека Македонија нема апсирации кој Пиринскиот дел. Тој предлага промена на стратегијата за историјата и конечно, како што вели, решавање на проблемот со јазилот. Неговиот предлог акциски план предизвика серија од политички реакции.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека премиерот Зоран Заев преку Љубчо Георгиевски пушта пробен балон. Тие додаваат дека Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи Бугари.

– Зоран Заев преку Георгиевски порачува дека ќе се откаже и од македонското малцинство во Бугарија, без да води сметка за нивните чувства Георгиевски и Заев ги отпишаа македонците во Бугарија. Ова е спротивно на сите меѓународни конвенции за правата на малцинствата, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, пак, СДСМ се изјасни дека нивните ставови се различни од оние на Георгиевски. Тие тврдат дека де отворени за дијалог, но за идентитетот не се преговара.

– Остануваме отворени за дијалог за изнаоѓање на решение меѓутоа повторувам уште еднаш Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се тема на разговор. Нити се разговарало, нити во иднина ќе се разговра на оваа тема. Ставовите на господинот Георгиевски се негови лични ставови со којшто ние апсолутно немаме никакви допирни точки, изјави пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска.

Акцискиот план кој што вечерва го предложи поранешниот премиер Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и Македонскиот народ, реагираше денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

– Го повикувам јавното обвинителство екс официо да отвори случај, спроведе истрага и доколку утвртди одговорност за ваквиот предлог кој е против уставен да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок. Јас сум еден од многуте граѓани во државата кој секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивстави на ваквите утопистички ставови, пишува Димитриевски.

Демократскиот сојуз ги отфрли како „несериозни и аматерски“ предлозите за решавање на спорот со Бугарија изнесени од поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

-Зачудувачка е леснотијата со која Георгиевски лицитира со основните атрибути на македонскиот национален идентитет и се обидува да ги претстави како конструктивно решение во полза на двете страни, соопшстија од Демократскиот Сојуз.

Реакција пристигна и од Бугарија. Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ги пофали предлозите на Георгиевски, посочувајќи дека за него тие се добар почеток.