Македонија 09. декември 2020. / 11:39

Бугарското МНР го посочува Никола Димитров за лажго

Бугарското МНР го посочува Никола Димитров за лажго

Додека во Македонија се етикираат критичките медиуми како расадници за лажни вести, надвор од цензурата на Владата работите стојат поинаку – бугарското МНР го посочува Никола Димитров, дека шири многу невистини во јавноста.

Во статусот објавен на официјалната ФБ страница на бугарското МНР, се цитира изјава на Димитров во која тој тврдел дека Македонија ќе добие безусловен датум за преговори во декември годинава – инфромација која е целосно неточна и лажна.

– 8.декември 2020 – Во март, решението на ЕУ за започнување на преговори беше безусловнo, од бугарското МНР ја цитираат изјавата на Димитров.

Целосната одлука на ЕУ, како што ја објавуваат бугарските дипломати гласи:

„Добрососедските односи и регионалната соработка продолжуваат да бидат клучни елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација. Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување во добра намера на билатерални договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, како дел од процесот на проширување.“

Во продолжение еве што објавува официјалната страна на Бугарското МВР

 

Вярно или не?

8 декември 2020 г. Никола Димитров, вицепремиер на РСМ: През март решението на ЕС за започване на…

Posted by Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Bulgaria on Tuesday, December 8, 2020