Македонија 03. мај 2020. / 15:48

Бугарски дипломат: Димитров е виновен за влошените односи меѓу двата народи

Бугарски дипломат: Димитров е виновен за влошените односи меѓу двата народи

Бугарски дипломати во Брисел кои инсистираат на анонимност го обвинуваат министерот за надворешни работи Никола Димитров дека со својата неискреност е виновен за најлошите односи меѓу двата народи во последните децении и за зголеменото ниво на антибугарско поведение кај Македонците, пишува expres.mk.

Според бугарските дипломати Димитров свесно или поради погрешна проценка направил голема грешка кога пред неколку недели јавно ги прокоментира заклучоците на ЕУ во кои стојат бугарските услови меѓу кои и за промена на јазикот во замена за влез во унијата.

Прв македонски политичар кој долго време знаел за нив а јавно проговори за заклучоците беше Димитров по што во Скопје почнала “силна антибугарска кампања” за која Пендаровски, Димитров, Заев и Спасовски немаат лек, сметаат бугарските дипломатски извори.

Бугарските дипломати се прашуваат зошто Димитров проговорил дури еден месец откако бил запознат со барањата на Бугарија кои станаа дел од ставот на ЕУ.

Дел од можните одговори на ова прашање се однесуваат на престојните избори на кои Димитров и неговата партија СДСМ ќе се обидат да се прикажат како патриоти откако предходно направија неколку огромни дипломатски отстапки.

Според бугарската дипломатија И Димитров но и националниот координатор и заменик шеф на преговарачкиот тим на Македонија Бојан Маричиќ одамна биле прецизно упатени дека Бугарија ќе ја признае македонската сегашност само доколу Македонците го признаат своето бугарски минато.

Бугарски дипломат од мисијата на оваа земја во Брисел кој ја поздравува колумната на Денко Малески тврди дека ЕУ се прават слепи за срамното ниво на корупција на актуелните власти со цел да се решат другите прашања но дека трпението на Бугарија и Брисел е при крај.

Бугарската дипломатија е револтирана и поради стагнацијата во економската соработка меѓу Скопје и Софија за што единствено вина има владата на СДСМ која блокирала неколку проекти затоа што загрозувала планови и интереси на високи функционери од Македонија.

Кои се бугарските проекти кои СДСМ ги блокира во вториот дел од овој дипломатски брифинг.