Македонија 12. декември 2020. / 13:24

Бугарска пратеничка: Со Македонија имаме заедничка историја, ние сме две држави – еден народ

Бугарска пратеничка: Со Македонија имаме заедничка историја, ние сме две држави – еден народ

Пратеничката Марија Цветкова, по прогласувањето на 24.Мај за „Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература“ изјави дека Македонија и Бугарија се две држави, но еден народ.

-Никогаш не престанавме да и подаваме рака на Македонија. Бугарија ја призна независноста на Македонија пред 30 години со цел да добие независност од Југославија. Бугарија направи се што е можно за да можат другите земји да ја признаат.

Ние подаваме рака на Македонија, на нашите браќа, зашто имаме заедничка историја,две држави-еден народ…Нема да правиме компромис со бугарскиот идентитет, ние ќе продолжиме да и подаваме рака на Македонија, но тоа нема да биде на сметка на кражбата на историјата.РМ треба да го реформира образовниот систем, не може да пишуваат дека сме фашистички опкупатори и татари, и трпеливо да чекаме тоа да се промени. Треба да сопре кражбата на бугарските историски личности –лидерите и водачите на Вмро-Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров. Тие се изјаснувале дека се Бугари, тоа го пишува ви нивните документи за лична идентификација.

Со промената што ние од ВМРО и „Обединетите патриоти“ ја предложивме во Законот за работни на светот му стана јасно дека кирилицата е бугарска азбука. Со промена на словенското писмо со бугарско во името на празникот, ние му даваме тежина на бугарското писмо. Покажуваме дека кирилицата е основа на словенската литература.

-Тие не беа присутни во формулацијата на празникот. За прв пат тие постојат во неа, затоа покажуваме почит кон нивната работа. Формулацијата помеѓу првото и второто читање се смени, благодарение на дискусиите со научниците и претставниците на Бугарската академија на науките, рече Цветкова.