Македонија 04. јуни 2020. / 20:14

Бугарија воведе 14-дневен карантин за лица што влегуваат од Македонија

Бугарија воведе 14-дневен карантин за лица што влегуваат од Македонија

Министерот за здравство на Бугарија издаде наредба со која се воведува 14-дневна задолжителен карантин за лицата кои доаѓаат во Бугарија од Македонија, соопшти тамошното Министерството за здравство.

Истовремено го укина 14-дневниот карантин за граѓаните кои пристигнуваат од Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Двете измени беа предложени од Главниот државен здравствен инспектор по проценка на епидемиолошката состојба и ризикот од ширење Ковид-19 во Бугарија, јави агенцијата БГНЕС.