Македонија 12. јули 2019. / 21:43

Бучковски: Заев “пати” заради својата отвореност и транспарентност

Бучковски: Заев “пати” заради својата отвореност и транспарентност

Поранешниот премиер од редовите на СДСМ, Владо Бучковски, во изјава за “Лидер” вели дека премиерот Зоран Заев не треба да сноси одговорност поради тоа што беше жртва на руски пранкери.

Според Бучковски, и покрај тоа што Заев една година комуницирал со “лажен Петро Порошенко”,на кој му издавал многу информации, тој не треба да понесе одговорност.

-Имаме Премиер кој “пати” заради својата отвореност и транспарентност! Не гледам добра причина заради пранкерите да понесе политичка одговорност. – вели Бучковски.