Пред малку заврши прес-конференцијата на новиот специјален претставник за Бугарија, Владо Бучковски и министерот за надворешни работи Бујар Османи, на која беа истакнати ставовите кон македонско-бугарското прашање.
– Убеден сум дека ќе најдеме решение но не за седум дена, може ќе биде потребно дополнително време. Но сепак, се наоѓаме на вистинскиот пат. Заради моето искуство, нема да прифатам со нашите бугарски пријатели да ги испраќаме пораките преку медиумите, рече Бучковски како одговор на новинарско прашање.
Новоизбраниот специјален претставник на владата за Бугарија, денеска за БГНЕС исто така изјави дека комунистичката пропаганда ги има разделено Македонците и Бугарите. Тој рече:
– Од 1944-та до 91-ва силната пропаганда која беше на дело ги оддалечи природните сојузници, Македонците и Бугарите. Неспорно е дека имаме заедничка историја, неспорно е дека бугарската нација, бугарскиот народ е создаден пред македонскиот.Тој додаде дека тоа е официјален став и на Бугарија, дека нема проблем со создавањето на македонската нација од 1944-та година, но историчарите треба да излезат од рамките на она што беше историографија во времето на комунизмот.