Македонија 01. декември 2020. / 15:49

Бучковски именуван за специјален претставник за Бугарија

Бучковски именуван за специјален претставник за Бугарија

Поранешниот премиер Владо Бучковски ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.

Владата предмалку го именува Бучковски на оваа позиција.

Поранешниот премиер и министер за одбрана, како и некогашен лидер на СДСМ, во последно време, е мошне често присутен и на медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата со Северна Македонија.

Извор: 360 степени