Македонија 29. јануари 2021. / 21:07

Брнс со порака до Заев: Борбатa против корупцијата останува критично важна задача за Македонија

Брнс со порака до Заев: Борбатa против корупцијата останува критично важна задача за Македонија

Американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнс по историски лошиот извештај за Македонија од Транспаренси Интернешнел испрати порака до Заев дека борбата против корупција е критично важна за Македонија.

Во текот на вчерашниот ден ја добивме веста од Транспаренси Интернешнел дека Македонија е историски најлошо рангирана според индексот на корупција. Токму затоа, американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнс вечерва со свој став за извештајот на Транспаренси Интернешнл.

– Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества – довербата едни во други и во владата, вербата во фер и еднаква правда и довербата да се изградат, растат и модернизираат економиите. Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл во 2020 година е јасен сигнал дека борбатa против корупцијата останува критично важна задача за Македонија и фокус на нашето стратешко партнерство, пишува на Фејсбук амбасадорката Кејт Брнс.

Во продолжение и Фејсбук статусот од американската амбасада во Македонија.

“Corruption threatens all elements that bind our societies—trust in each other and in government, belief in fairness and…

Posted by U.S. Embassy North Macedonia on Friday, January 29, 2021