Македонија 26. август 2019. / 09:05

Брнабиќ денеска во официјална посета на Македонија

Брнабиќ денеска во официјална посета на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска ќе биде домаќин на делегација од Република Србија предводена од премиерката Ана Брнабиќ.

Како што информираат од Владата , посетата ќе започне со отворањето на One Stop Shop на граничниот премин Табановце-Прешево.

Брнабиќ, освен со Заев ќе има оствари средба и со претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.