Портпаролот на Владата на РМ, Миле Бошњаковски на денешната прес конференција по повод вчерашната
седница на Владата истакна дека 660 илјади евра е само проценка за тоа колкава сума е потребна за
хортикултурно уредување, но не значи дека толку пари ќе бидат потребни за тоа.
-Тоа е проценка не е финална сума, не значи дека ќе се дадат толку пари за уредување. Сумата ќе се
намалува со оглед на тоа дека на тендерот ќе се избере најниската понуда, рече Бошњаковски.
Тендерот за хортикултурно уредување на 133 илјади метри квадратни беше објавен пред 45 дена. Фирмата
која ќе биде избрана на тендерот и наредните 3 години ќе се грижи за хортикултурно одржување на
државните институции.
-Доколку сумата од 660 илјади евра се подели со квадратурата, излегува по 8,5 денари по метар
квадратен, рече Бошњаковски.